09. Dec 2011 15:32 Пукнала цевка пред хотел „Куманово„

  Голем дефект на главната водоводна мрежа денеска го остави без вода за пиење централното градско подрачје. 

Thumbnail

 Според службите на ЈП „Водовод„ се работи за пукната цевка пред хотелот „Куманово„. Нивни екипи во текот на денот работеа на пронаоѓање и отстранување на дефектот. Цевката е заменета и  водоснабдувањето ќе се нормализира.