06. Nov 2011 13:33 Се асфалтира пат во Младо Нагоричане

 Започна асфалтирањето на селскиот пат во Младо Нагоричане до маала Џипунци. Патот е во должина од 1100 метри.

Thumbnail

 Реконструкција се одвива по програма на општина Старо Нагоричане, преку проект на Агенцијата за патишта.

Со  изградбата на овој пат ќе се подобри патната инфраструктура во самото село, но и поврзаноста со околните патишта.

Изведувач на работа е претпријатието „Алпина“ од Скопје.