26. Jul 2010 12:59 Се градат тротоари на „Никола Тесла„

 Улицата „Никола Тесла„ на потегот од железничкиот мост до селото Долно Којнаре ќе добие тротоари. Тротоари ќе се постават во должина од 2350 метри, а нивната широчина ќе изнесува  2,5 метра.

Се градат тротоари на „Никола Тесла„

 Проектот чини 10,5 милиони денари и треба да заврши до почетокот на новата учебна година. Тротоарите на една од најфрекфентните улици во градот се наменети за учениците во земјоделското училиште, но и за останатите граѓани што живеат во тој дел од градот-вели Момчило Јовановски од Секторот за урбанизам.

Екипите на претпријатието Ибро комерц, деновиве работат на поставување на ивичниците, по што ќе се асфалтираат пешачките патеки.

Се градат тротоари на „Никола Тесла„