23. Nov 2011 12:31 Се пошумува Живкова карпа

 Ученици,полицајци, војници, советници, пратеници, министри  и граѓани, денеска садеа дрвца во м.в. Живкова Карпа на потегот од воените магацини до населбата Пуковско.

Thumbnail

На површина од 10 хектари треба да се засадат 40 илади садници, црн бор и чемпрес.

Сите општини се опфатени со оваа акција. Посетеноста е на задоволително ниво, од сабајле повеќето беа ученици, а како одминува денот се сприклучуваат и останатите граѓани. Акцијата ќе трае до 15 часот до кога е планирано да се засадат предвидените садници- вели Ленка Јанковска  од Македонски шуми.

За разлика од минатите години, евидентно беше дека оваа акција беше послабо посетена во однос на предходните години. Организарорите отсутноста на граѓаните ја правдаат со врнежливото време.

Се пошумува Живкова карпа