26. Dec 2011 17:16 Се украсува Општината

 По повод новогодишните празници денеска се украсуваше зградата на Општината Куманово. Екипа на претпријатието „Електро-Куманово„, со возило и корпа ги поставуваа украсните светилки на фасадата на целиот објект.

Thumbnail

Со оглед на тоа што општинската зграда треба да претставува репрезент на градот, требаше да биде прва украсена, а не последна, само на неколку дена пред Нова година- коментира еден познат архитект, кој случајно се најде на улицата.

Бидејќи крајот го краси делото, се надеваме дека со осмислено украсување „градската куќа„ ќе светне во сиот сјај, како тоа обично е случај во другите големи градови.   

Се украсува Општината