19. Sep 2011 10:43 Спречен шверц на обувки
144 пара женски обувки со лого на трговската марка D&G, откриени се при контрола на камион пријавен за влез во државата, на граничниот премин Табановце автопат.
Возилото било натоварено во Република Унгарија, со обувки со потекло од Република Кина, кои биле наменети за фирма увозник од Скопје.
