28. Sep 2011 11:59 Старо Нагоричане на саем во Нови Сад
Општината Старо Нагоричане ќе учествува на Саемот на туризмот во Нови Сад, кој се одржува од денеска до 2 октомври годинава.
На саемот ќе се претстави туристичкиот потенцијал на Општината, а пред се културно-историските споменици: црквата Свети Ѓорѓи, споменикот Зебрњак, манастирот Забел, мегалитската опсерваторија Кокино, бањата Стрновец и останати природни убавини.
Заедно со општина, учеството на саемот ќе земаат „Етно Село„, и Андријана Алачки, која ќе го презентира Македонскиот традиционален готвач.
