30. Dec 2011 14:11 Стоилковиќ се сретна со Додик

Претседателот на ДПСМ  Иван Стоилковиќ, деновиве престојувал во Бања Лука, каде се сретнал со премиерот на Република Српска Милорад Додик.

Thumbnail

При тоа било разговарано за унапредување на добрососедските односи на државите во регионот каде што живеат граѓани од српска националност. Стоилковиќ го запознал претседателот Додик со положбата на Србите во Македонија, како и актуелните политички состојби во државата.

Покрај претседателот на ДПСМ, на средбата во Бања Лука присуствувал и претставник партија на Србите од Црна Гора.