21. Nov 2011 18:20 Штрајк на вработените во кумановска Македонија пат

 Вработените во кумановската секција на јавното претпријатие „Македонија пат„ денеска се приклучија на штрајкот на нивните колеги во Скопје, со барање да им се исплатат заостанатите плати за последните месеци.

Thumbnail

Тие најавија дека од наредниот понеделник ќе стапат во генерален штрајк доколку не им се исполни барањето.  Штрајкот ќе се откаже само ако им бидат исплатени двете заостанати плати и надоместоците за дополнителен ангажман при расчистувањето на ланскиот снег.