01. Feb 2012 13:18 Шверцувал режан тутун

 Џ.Ј.(47) од Куманово е фатен со поголема количина на режан тутун за кој не платил данок.

Thumbnail

Во ноември мината година на локалниот пат Куманово-село Сопот при извршен преглед на неговото возило во багажниот простор се пронајдени 130 килограми режан тутун за кој не биле платени акцизи во вредност од 175.000 денари.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против против Џ.Ј. за сторено кривично дело од Законот за акцизи.