02. Aug 2011 09:19 СВР: Во Пелинце заминете порано за да ги избегнете гужвите

 СВР Куманово ги известува граѓаните дека денеска ќе биде воведен посебен режим на сообраќај на патиштата кон селото Пелинце поради пристигањето на повеќе државни делегации на прославата на Илинден.

Thumbnail

Затоа им се сугерира на граѓаните во Пелинце да пристигнат најдоцна до 12 часот за да ги избегнат евентуалните гужви и запирања на патот.

Поради присуство на ВИП гостите ќе биде применет посебен режим во сообраќајот со запирање на сите возила и припуштање на службените возила со првенство на минување. Заради безбедно одвивање на сообраќајот сите учесници да се придржуваат до сообраќајните правила и прописи - соопштуваат од СВР Куманово.