14. Jan 2012 15:04 Татко и син избодени со нож од крадци на аптека

 Татко и син ноќеска биле избодени со нож кога се обиделе да спречат крадци да провалат во аптека.

Thumbnail

Инцидентот се случил 30 минути по полноќ на ул. „Љубе Гуче„ пред аптеката „Шенди-фарм„. Додека синот А.И.(23) си стоел пред куќата ги забележал непознатите лица како се обидувале да влезат во аптеката. Тој го повикал татко му М.И.(56), по што двајцата отишле до луѓето да прашаат што бараат тука.

Тогаш еден од разбојниците извадил нож и го пробол А.И. во пределот на градниот кош, а потоа го нападнал и М.И. нанесувајќи му убодни рани во  вратот и левата подлактица.

Двајцата повредени се пренесени во кумановската болница, по што М.И. поради сериозноста на повредите е пренесен во Клиничкиот центар Скопје. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Куманово и превзема мерки за пронаоѓање на сторителите.