16. Sep 2011 15:41 Учениците од Лопате појдоа на училиште

 Денеска започна наставата и за учениците Македонци од ОУ „Битолски конгрес„, во селото Лопате,, кои три дена ја бојкотираа, поради тоа што група ученици од албанска националност истепа нивни соученици.

Thumbnail

Родителите ги пуштија децата на школо откако вчера се  постигна договор со директорот, да се организираат дежурства од наставници за време на одморите, а ако не се подобри состојбата да се ангажира приватно обезбедување.

Децата тргнаа на училиште и мисалам дека се ќе биде во ред. Пред училишната зграда имаше и полиција, а беа дојдени и просветните инспектори. Само првачињата останаа дома и тие ќе тргнат на училиште во понеделник- вели еден од родителите што го контактиравме.