15. Apr 2012 10:34 Велигденска честитка од градоначалникот

 Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, упати велигденска честитка до граѓаните од православна вероисповест.

Thumbnail

Почитувани сограѓани. Од мое лично име и од името на локалната самоуправа, на сите граѓани на Куманово од православна вероисповест, им го честитам најсветлиот христијански празник Велигден, со желба да го поминат во добро здравје, духовен мир и благосостојба. Светлината на воскресението нека донесе радост во Вашите домови и благосостојба во семејствата.Нека ги осветли Вашите срца и нека дарува здравје, љубов и мир во душата на секој од Вас. Посакувам сите заедно да продолжиме во градењето на посветло и поубаво Куманово.