23. Dec 2011 10:52 Во недела католички Божиќ

 Првиот ден Божиќ, според грегоријанскиот календар е на 25 Декември (недела), е неработен ден за  припадниците од католичка вероисповед, соопштува Министерството за труд и социјална политика.

Thumbnail

 По тој  повод, Министерството за труд и социјална политика на  верниците од католичка вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Божик.