02. Feb 2012 15:39 Волонтери ќе им помагаат на старите

 Волонтери од општинската организација на Црвениот Крст на Куманово и преставниците од локалното здружение на пензионерите заеднички ќе се грижат за повозрасните граѓани на општина Куманово.

Thumbnail

Волонтерите од Црвениот крст во втората половина од средината на овој месец ќе се обучуваат за да им помогаат на старите и изнемоштените лица од општина Куманово.

Оваа координирана акција ќе започне кон крајот на февруари, а вклучува редовна посета на старите и изнемоштените лица, набавка на намирници, помош во изведувањето на домашните обврски, а е наменета за оние лица кои се повозрасни и кои живеат сами"- вели Иле Митковски,секретар на општинската организација на Црвениот Крст.

Во вториот дел од помошта предвидена и основна лекарска нега. За овој проект Црвениот крст и локалното здружение на пензионери ќе користи ресурси од матичните здруженија, а во иднина предвидена е и помош од локалната власт и од бизнис заедницата од градот.