12. Sep 2011 11:50 Вонредна крводарителска акција

 Црвениот крст и Заводот за трансфузиологија утре во Центарот за култура „Трајко Прокопиев„, организираат вонредна крводарителска акција.

Thumbnail

Акцијата ќе трае од 10 до 16 часот. Организаторите ги повикуваат крводарителите и сите други граѓани, масовно да се вклучат во акцијата, бидејќи поради високите температури зголемени се потребите од крв во болниците во државата.