30. Jun 2010 10:02 Заработил кривична затоа што ископал дупка, а не ја обезбедил
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Ќ.Ш. (40) од Куманово за сторено кривчно дело „тешки дела против општата сигурност“.
Во февруари годинава, пријавениот при изведување на градежни работи –ископување на канал во с.Опае, ископал дупка со поголеми димензии без да ја обезбеди, по што едно лице од Куманово поминувајќи покрај наведеното место паднало во дупката и тешко телесно се повредило.

























