16. Jul 2010 12:57 Затворот во Кшање ќе се доградува догодина

 Во Затворот во Кшање, изградбата на потребните објекти ќе започне  наредната година со сретства од Банката за развој на Советот на Европа.

Затворот во Кшање ќе се доградува догодина

 " Ќе се гради административна зграда, болничкиот одел, кујната, трпезаријата, пералницата, работилниците, магацините, гаражите, спортските терени, енергетскиот блок, безбедносната ограда и на пристапниот пат во должина од 1300 метри. Моментално од овој проект се завршени урбанистичките и идејните проекти, а се подготвува техничка документација за изработка на основен и изведбен проект", соопштуваат  од Управата за извршување санкции.

 Изградбата на новиот затвор во селото Кшање започна на 7 јули 2007 година, а првите лопати ги фрлија министрите за правда Михајло Маневски и за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.