07. Sep 2011 11:01 Завршен автопатот Куманово-Табановце
Делницата од автопатот Куманово - граничен премин Табановце, утре ќе биде предадена во употреба. Пуштањето во употреба ќе го изврши премиерот Никола Груевски, во чест на 20 годишнината од прогласувањето на независноста на Република Македонија.
Автопатот е во должина од 8 километри, а се градеше речиси три години. Изградени се три целосно нови сообраќајни ленти, истовремено е реновиран и проширен стариот дел на автопатот, како и неколку клучки за месното население од околните села. Со изградбата на оваа делница се заврши уште еден дел од Коридорот 10.
