23. Jan 2012 10:34 Заврши зимскиот распуст

 По тринеделен зимски распуст, учениците денеска се вратија во училишните клупи во второто полугодие од учебната година.

Thumbnail

Денот кој им беше додаден на распустот ќе го одработат во една од саботите на месец април.

Новина во второто полугодие е советувањето родители чии деца имаат 10 неоправдани или 100 оправдани изостаноци, три единици во период од три месеци или манифестираат насилно и несоодетно однесување.

Родителите или старателите на ученици со вакви проблеми ќе имаат законска обврска да дојдат на поканата за средба со психолог,  што ќе им ја испраќа училиштето, или ќе бидат парично казнети.

На крајот на учебната 2011/2012 ќе има само полагање државна матура.