18. Nov 2011 16:40 Зимската служба подготвена за првиот снег

 Општината Куманово подготвно ќе ги дочека промените на времето и првиот снег.

Thumbnail

 Како што соопштуваат од локалната самоуправа, вчера се одржал договорен состанок со претставниците на наделжните служби, при што се прецизирани сите активности кои ќе се преземат за чистење и одржување на улиците во зимски услови.

На состанокот присуствуваа претставници од МВР и фирмите кои се задолжени да ги одржуваат улиците. Во моментот фирмите располагаат со 180 тони сол, двете по 90 тони. Направен е приоритет на сообраќајници и се надевам дека нема да има проблами во текот на зимскиот период за непречено движење- вели секретарот на општината Валентина Алексовска.

Градот е поделен на две зони, источна и западна и секоја од фирмите е задолжена за  својата работа, а ќе се коордира од општината.