Euro Colleague
Bucen Kozjak
10. 01. 2017 16:26

ВМРО-ДПМНЕ:Договорот за чистење на улиците потпишан пред 5 дена

ВМРО-ДПМНЕ:Договорот за чистење на улиците потпишан пред 5 дена

Општинскиот комитете на ВМРО-ДПМНЕ и денеска ја прозва локалната администрација предводена од градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, дека е неодговорна и веќе 6. ден не може да се справи со снегот по градските улици.

При тоа обвини дека договорот за зимско одржување на улиците во висина од 490.000 евра го потпишале пред пет дена, поради што неподготвено го дочекале најавуваниот снежен бран и невремето што ја зафати државата.

„Она што уште повеќе зборува за неодговорноста е и податокот дека општината има склучено договор за зимско одржување на улици од снег и подмразица во Општина Куманово за период од 2016 до 2018 година, и тоа верувале или не, на 5-јануари или пред точно 5 дена. Потпишаниот договор е во износ од 30.157.437,00 денари или 489 569 евра. Договорот е потпишан со Друштво за градежништво,проектирање и трговија КАТ-ИНГ ГРАДБА ДОО Скопје и е во износ од  13.978.716 денари или 226 927евра, и со фирмата “Друштво за производство, градежништво, трговија и услуги “КООП ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Куманово” во вредност од 16.178.720 денари или 262 641 евра,- изјави советничката Златка Божиновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го повика градоначалникот веднаш да преземе мерки за чистење на улиците за да заврши снежната голгота во општината.