Забава
Аватар ги собори сите рекорди
Филмскиот хит Аватар на Џејмс Камерун си собори сите рекорди по гледаност во кино салите и домовите. За четири дена од пуштањето на ДВД-то и Блу реј дисковите продадени се 6,7 милиони примероци.
Кумановци не влегоа во финалето на „Рок-фест„
Кумановски бенд „Комплекс дисордер„ што настапи на третата вечер на „Рок-фест 2010„, не се пласираше во финалето. Но нивниот настап ќе остане запаметен, бидејќи покажаа дека се вистинско професионалци.
Промоција на џез албумот на Филип Стевановски
Тромбонистот Филип Стевановски од Куманово утре вечер ќе го промовира својот прв џез албум „Мит„.Концертната промоција ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура на која како гости ќе настапат Александар Белов и Ирена Крстевска.
Финалето на Рок-фест на 30 април
Во сабота ќе се одржи последна квалификациска вечер на „Рок-фест 2010„ на која ќе настапи и кумановски рок бенд Complex Disorder. Финалето на фестивалот ќе се одржи на 30 април.
Нино и Тамбурашите се вратија од Канада
Нино Величковски и неговите „Кумановски тамбураши„ се вратија од Канада, каде што пееја за Велигденските прaзница. Во Торонто имале шест настапи за македонските иселеници, и велат дека носат прекрасни спомени од дружењето со публиката.
Леонтина родила ќерка
Српската пејачка и Леонтина Вукомановиќ и нејзиниот сопруг Филип Пат добиле ќерка. Бебето ќе се вика Луција, а името го избрал таткото.
Копче за паника на ФБ
Британската агенција за заштита на децата инсистира популарната онлајн мрежа, Facebook, да воведе „копче за паника“. Здружението за заштита на децата го критикуваше FB и околу приватноста на корисниците.
Таневски му подари сребереник на Станковиќ
Нашиот претставник за Евровизија, Ѓоко Таневски на српскиот претставник Милан Станковиќ му подари сребрењак со ликот на Свети Јован. Тие запрвпат се сретнале во просториите на РТС и таму поразговарале за своите песни и настапот што ги очекува.
T-Home организира хулахоп вртење во Скопје
Утре во Градскиот Парк во Скопје, Т-Home организира најголемо вртење на хулахоп досега во Македонија. Забавата започнува во 11.30 часот, а во игрите со хулахоп можат да учествуваат граѓаните од 5 до 85 години.
Кумановски бендови на „Рок-Фест“
Кумановските рок бендови „Genocide“ и „Complex Disorder“ ќе учествуваат на годинешниов „Рок-фест“ што ќе се одржи на 10, 16 и 17 април, во Младинскиот културен центар во Скопје. Во официјалната конкуренција ќе се натпреваруваат 17 групи во три натпреварувачки вечери.
« Прва ‹ Претходна 123456789101112131415 Следна › Последна »










