15. Jun 2011 10:28 Анџелина Џоли во реклама за Луи Витон

 Популарната актерка Анџелина Џоли снимила реклама за познатиот бренд Луи Витон во Камбоџа. Актерката му позирала на популарниот фотограф Ен Либовиц, во своја облека, без шминка, а во раката имала Луј Витон Алто торба со свој монограм.

Thumbnail

Извршниот претседател на Луј Витон, Пиетро Бечари изјавил дека луѓето не навикнале да ја гледаат Анџелина во ваква ситуација. Славната холивудска актерка во април оваа година потпишала договор со оваа француска модна компанија вреден 10 милиони долари.