03. Feb 2010 16:54 „Аватар„ со најмногу номинации за Оскар

Голмото ремек дело на Џејмс Камерон доби девет номинации за наградите од Американската академија на филмски науки и уметност.

„Аватар„ со најмногу номинации за Оскар

Во трката за најдобар филм, првпат се номинирани десет наместо пет филма. Најголем број на гласови добиа „Аватар“, „Слепата страна“, „Дистрикт“, „Образование“, „Шкафчето на болката“, „Драгоцена“, „Сериозен маж“, „Во воздух“ и „Проклетници“.

„Аватар“ е номиниран во категориите за најдобар филм, режисер, сценограгија, камера, монтажа, монтажа на звук, микс на звук, оригинална музиика и специјални ефекти.

Режисерите номинирани за Оскар во долгометражна категорија се Џејмс Камерон („Аватар“),

Кетрин Бигелоу („Катанец за срцето“), Квентин Тарантино („Проклетници“), Ли Дениелс („Драгоцена“) и Џејсон Рајтман („Горе во воздух“)

За најдобар актер номинирани се Џеф Бриџис,(„Лудо срце“) Џорџ Клуни („Горе во воздух“),

Колин Фирт („Еден човек“), Морган Фримен и Џереми Фенер („Катанец за срцето“)

Во категоријата за најдобри актерки се Сандра Булок („Слепата страна“), Хелен Мирен(„Последната станица“), Кери Малиген („ Образование“), Габури Сидибе („Вредност“) и Мерил Стрип („Џули и Џулија“).

Номинирани за најдобра споредна улога се Мет Дејмон, Вуди Харелсон, Кристофер Пламер, Стенли Тучи, и Кристоф Валц во машка категорија, а Пенелопе Круз, Вера Фармига, Меги Гиленхал, Ана Кендрик и Мо‘ник во женска категорија.