19. Jul 2011 14:18 Чарли Шин се враќа во нова серија

Популарниот и контроверзен актер, Чарли Шин се враќа со нова серија. Овој пат ќе глуми на местото на Адам Сендлер во серијата „Енгр менаџмент“ (Anger management).

Thumbnail

Приказната во серијата е базирана на истоимениот филм од 2003 година, во која Шин би ја имал улогата на човек кој е присилен да посетува група за справување со гневот.

Го избрав овој проект бидејќи, иако мислам дека ќе имам проблеми да одглумам човек кој има проблем со контрола на бесот, мислам дека серијата има одличен концепт -  изјавил актерот.

Менаџерот на актерот изјавил дека серијата има тотално различен концепт од „Два пол мажи“.