12. Apr 2011 12:26 Цеца со алка на нога во куќен затвор?

 Српската фол ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ (38) признала дека присвојувала пари од трансферот на фудбалерите на ФК „Обилиќ„ во странските клубови и со тоа за возврат добила казна од 18 месеци куќен затвор, и да плати казна од 1,5 милион евра.

Thumbnail

Затворот ќе го лежи во својата вила во Белград. Спогодбата ја опфаќа и нејзината сестра Лидија, која и помагала во малверзациите. Таа добила казна од 6 месеци куќен затвор, кој ќе го издржува со својата фамилија,пренесуваат српските медиуми.

Доколки обвинителството ја усвои предложената казна, Цеца и нејзината сестра ќе мора да носат електронска алка на нога, прку која ќе се следат нивните движења.

Истрагата протил пејачката биле подигнати уште во 2003 година, откако била уапсена во акцијата „Сабја„, кога во нејзината вила било пронајдени поголемо количество на оружје.

Цеца со алка на нога во куќен затвор?