28. Mar 2011 14:17 Данило Икодиновиќ со кола на бившата шета нова девојака

 Бившиот сопруг на српската пејачка Наташа Беквалац Данило Икодиновиќ не ја крие својата нова девојка.

Thumbnail

 Тој со својата нова девојка Тања Врачариќ  се вози по Нови Сад со  мини морис што му го купила неговата поранешна сопруга. Иако документите за развод помеѓу Данило и Наташа се потпишани и предадени во суд, познатиот спортист не губи време. Како што пренесуваат српските медиуми тој и Тања секојдневно се во неговата кафеана, во неговиот апартман или во нејзиниот стан. Тие не ја кријат веќе својата врска и не бираат време и место за да си разменат нежност.

Данило Икодиновиќ со кола на бившата шета нова девојака