03. May 2010 15:10 Де Марбле со нова песна

 Кумановскиот состав De Marble, порано познати како VIP, деновиве го промовираа својот прв сингл. Песната ""Одам на југ" е авторско дело на Драган Шајто, басист на составот.

Де Марбле со нова песна

 Станува збор за новата верзија на голем македонски хит, кој пред многу години го испеа легендарниот Мики Јовановски – Џафер и неговата група Автограм. Се работи за една од најубавите македонски патриотски песни, во која иако не се спомнува нашата земја- вели Шајто.

Инаку, составот опстојува подолг период и се состои од пет члена и често настапува по скопските и македонските локали. До сега имаа 40-ина настапи во Тирана, Приштина. Со оваа песна De Marble го најавува својот прв албум.