21. Nov 2011 12:31 Џеј Ло и Пит Бул со врел танц на АМА наградите

На вчерашното доделување на Американските музички награди, најголемо внимание привлече валканиот танц на латино дивата Џенифер Лопез и раперот Пит Бул, кои во дует ја изведоа „On the Floor“.

Thumbnail

Џеј Ло доби награда за најомилена латиноамериканска пејачка, по што следуваше дуетот.

Занимливо е тоа што со Пит Бул подоцна настапи и поранешниот сопруг на Лопез, Марк Ентотни, кој исто така има дует со раперот, па многу го коментираа „валканиот танц“ како провокација на поранешниот сопруг.