26. Apr 2011 11:11 Џенифер Лопез бара зголемување на хонорарот за 8 милиони долари

 Свесна дека гледаноста на „Американскиот идол„  е голема,Џенифер Лопез од продуцентите побарала дополнителни 8 милиони долари за да остане во жирито.

Thumbnail

Фактот дека откако Џенифер влегла во жирито гледаноста пораснала, познатата пејачка одлучила да го искористи моментот.

До сега добиваше хонорар од 12 милиони, а во наредната сезона би можела да инкасира цели 20 милиони долари.

Продуцентите и режисерите се решени да ја задржат, бидејуќи гледаноста на Американскиот идол никогаш не била подобра, пишуваат медиумите.