23. Aug 2011 14:48 Џоли ќе ја глуми Цеца!?

 Анџелина Џоли наводно изразила желба да го прикаже животот на Светлана Цеца Ражњатовиќ на големото платно, според пишувањето на српски „Ало“.

Thumbnail

Според еден член од тимот од Србија кој учествуваше во снимањето на режисерското деби на Анџелина, „Во земјата на крвта и медот“, вниманието на Џоли го привлекло судбината на вдовицата на Жељко Ражњатовиќ - Аркан.

 Анџелина, додека го снимаше филмот кој говори за нашите простори, се заинтересира за Балканот. Таа забележа дека Цеца е најпопуларна пејачка, не само во Србија, туку и во сите поранешни југословенски земји. Особено интересно и падна тоа што ја слушаат и Хрватите и Бошњаците, и покрај тоа што нејзиниот сопруг војуваше против нив - изјави еден извор кој, како што тврди, неколку пати разговарал со актерката.

Тој додаде дека актерката, за време на престојот во Сараево, слушнала неколку песни и откако видела нејзините слики и видео клипови на YouTube, заклучила дека таа и Цеца имаат повеќе сличности, и двете се со темна коса и витки, со бујни гради, полни усни и слична возраст, што би можело одлично да се користи во филмот. Во филмот за животот на Цеца, наводно, Анџелина ќе ја глуми пејачката, а исто така ќе се појави и во улога на режисер.

Цеца не сакаше да ги коментира информациите дека Анџелина Џоли сака да сними филм за нејзиниот живот.


Џоли ќе ја глуми Цеца!?