07. Apr 2012 12:29 Хајди Клум и Сил се разведоа

Хајди Клум и официјално се разведе од својот сопруг Сил, со кого беше во брак седум години. Во петокот супермоделот ги потпишала документите за развод од пејачот.

Thumbnail

Според TMZ, парот имал предбрачен договор и се договориле секој да го задржи својот имот и своите средства. Хајди барала само примарна алиментација за нивните четири деца, Лени, Хенри Јoхан и Лу.

Хајди и Сил се разделија во јануари, а како што рекоа во тогашната изјава одлуката била заедничка и остануваат пријатели.