14. Jul 2011 14:40 И Џастин Тимберлејк доби видео покана за љубовен состанок

Одкако актерката Мила Кунис под притисок на Џастин Тимберлејк се согласи да излезе на војниот бал со американскиот војник Скот Мур, Џастин доби ист таков.

Thumbnail

Тимберлејк доби покана од наредничката Кисли Де Сантис.

Кога веќе ја охрабри Мила да излезе со Скот, тогаш и ти сигурно ќе сакаш да излезеш со мене. Ајде Џастин - изјави во својата видео порака рускосата наредничка.

Додека ја наговараше Мила, веројатно не ни слутеше дека тој ќе биде нова „жртва“. Преостанува да видиме дали партнерите од филмот „Friends With Benefits“ ќе ја прифатат поканата од непознатите личности и ќе бидат присутни на 18.ноември во Гринфилд.