20. Jul 2010 15:57 Изложба на МБА

Во Уметничката галерија во Куманово со почеток во 20.30 часот ќе се одржи изложба на групата МБА составена од Мариета Сидовски,Беди Ибрахимии и Ангел Коруновски.

Изложба на МБА

 Станува збор за над дваесетина дела, односно цртежи во пастел, инсталации и скулптури во дрво кои ќе бидат презентирани пред кумановската јавност.

Овој проект се реализира во соработка со градоначалникот и Советот на Општината и Уметничката галерија.

Изложбата ќе можат кумановци да ја видат во наредните десетина дена.