13. Jul 2010 12:57 Концерт на трио „Кордети„

 На програмата на кумановско културно лето вечерва е концертот на триото „Кордети„ од Скопје.

Концерт на трио „Кордети„

 Ќе настапат Јордан Колевски на труба, Александра Димитровска-Колевска на виолина и Марјан Ивановски на виолончело. Концертот ќе се одржи во Касапски круг  со почеток во 21 часот. Организатор на концертот е Фондацијата за култура и спорт „Куманово„.