28. Apr 2011 14:43 Лејди Гага подари милион долари за бездомниците во Њујорк

 Пејачката Лејди Гага се изјаснила дека сака да подари милион долари на младите кои немаат кров над главата.

Thumbnail

Таа сеуште не одлучила на која организација да им ја уплати сумата, па им предложила на своите фанови на ФБ да гласаат од неколку понудени. Резултатите ќе бидат објавени на хуманитарен концерт на 9 мај.

Гага изјавила дека е пресреќана што може да помогне за луѓето кои живејат во нејзиниот град, кои и помогнал да се изгради како уметник.