19. Sep 2011 14:54 Македонија ми го скрши срцето
Литванците никако да го прежалат поразот од Македонија во четвртфиналето на Евробаскетот, па дури и отпечатија маички дека сме им го скршиле срцето
Во литванските продавници се појавија маички со паролата "Македонија ми го скрши срцето", а кои се однесуваат на непрежаленото испаѓање на литванските кошаркари од репрезентацијата на Македонија.
Ова е уште еден доказ дека Литванија живее со кошарката и дека долго ќе се сеќаваат на репрезентацијата на Македонија која им го урна сонот за високо остварување на првенството каде што беа домаќини.
