13. Oct 2011 12:48 Миранда Кер ќе носи градник од 2,5 милиони долари

Девет месеци одкако го роди синот Флин, супермоделот Миранда Кер ќе се врати во јатото на „Викториините ангели“, со градник од 2,5 милиони долари.

Thumbnail

Австралијанскиот супермодел која роди син на актерот Орландо Блум, се враќа следниот месец на модна ревија на која ќе носи градник од 2,5 милиони долари, кој е со скапоцени кристали.

Минатиот месец таа ја одушеви публиката со своето заносно тело на ревијата на костими за капење, „Дејвид Џонс“.