01. Mar 2010 13:31 Моника Белучи е како виното

Сексапилната италијанка, Моника Белучи спаѓа во жените, кои се како виното, колку се постари толку се поубави.

Моника Белучи е како виното

Неодамна таа направи фото сесија за мексиканското издание на списанието за мажи Max и уште еднаш покажа дека годините не и можат ништо.

И покрај тоа што на 30-ти септември наполни 46 години, Белучи изгледа како воопшто да не старее. Нејзините добро препознатливи облини и неодоливиот изглед на лицето, по сe изгледа дека се безвременски.