06. Apr 2011 15:08 На рачето на Севе прстен од 30.000 евра

 Иако крие од кого го добила скапиот подарок сексипилната поп пејачка Северина Вучковиќ гордо го покажува прстенот.

Thumbnail

 За хрватските медиуми кусо одговорила дека тоа и е подарок од нејзина дрaга личност.  Севе негира дека се мажи ама носи два прстена. По се изгледа дека атрактивната пејачка сака да ја разгорува љубопитноста на медиумите. Откако се појавија озборувањата дека се мажи, Северина во јавноста се појави со прстен негирајќи дека ќе заплови во брачните води.