25. Oct 2011 11:16 Нино пееше на фестивал во Босна

 Босанците ослепиле на македонската песна, вели фолк пејачот Нино Величковски, кој на почеток на месецот настапил на Третиот меѓународен тамбурашкиот фестивал во Коњиц, Босна и Херцеговина.

Thumbnail

Нино пеел во ревијалниот дел на фестивалот како гостин од Македонија во придружба на Тамбурашкиот оркестар на Радио телевизија Сараево. Одржал мини концерт со познатите македонски песни, а запејал и севдалинки.  

На мое големо задоволство публиката одлично ги прифати песните, и  ги пееше заедно со мене. Добив и голем аплауз.Многу сум изненаден што ги знаеа сите песни, а најприфатени беа „Јовано, Јованке„, „Битола мој роден крај„, „Море сокол пие„ и другите. За атар на домаќините ја испејав и севдалинката „Не клепеќи нанулама„. Одличен фестивал, и одлично искуство за мене како пејач.На моја покана и нивните тамбурашии догодина ќе учествуваат на нашиот фестивал во Куманово- вели Нино.

На фестивалот учествувале и тамбурашки оркестри од Словенија, Хрватска, Србија и другите држави од соседството.