22. Dec 2011 12:50 Новогодишен концерт на Панче Пешев
Културно уметничкото друштво „ Панче Пешев“ од Куманово вечерва во 19.30 часот, ќе одржи традиционален новогодишен концерт.
Концертот ќе се одржи во Младинскиот центат „Козјак“, а влезот ќе биде слободен.
На концертот ќе биде прикажана видео презентација за гостувањата на друштвото во земјава и странство. Гости на концертот ќе бидат Нино Величковски и Маргица Антевска.
