20. Jul 2011 13:17 Погледнете го трејлерот за новиот „Шерлок Холмс“

Познатиот детектив Шерлок Холмс и неговиот асистент Доктор Вотсон повторно влегуваат во нови авантури, во второто продолжение од филмот кое ќе носи наслов „Шерлок Холмс: Игра на сенките“.

Thumbnail

Како и во првиот дел, повторно режисерската палка ја има Гај Ричи а филмот треба да се појави во домашните кина кон крајот на декември.

Главните улоги повторно ги играат Роберт Дауни Јуниор и Џуд Лоу, а свои улоги имаат и Рејчел Мекадамс и Џеред Харис.