21. Jun 2011 15:55 Премиера на филм направен од „јутјуб“ снимки

Познатиот режисер Ридли Скот направи занимлив филм за еден ден на планетата Земја „Животот во еден ден“ кој премиерно ќе се прикаже на 23.јуни.

Thumbnail

Жителите на земјата беа повикани да на 24.јули 2010 година направат видео снимка во кој ќе покажат дел од нивната секојдневна активност и истиот го закачат на „јутјуб“. Светот реагираше со тоа што обезбеди повеќе од 80.000 снимки и повеќе од 4.500 часа материјал. Од сите нив, Оскаровецот Кевин Мекдоналд и продуцентот Ридли Скот направија одличен, духовит деведесет минутен фил, кој покажува како е да бидеш жител на планетата денес.