05. May 2011 15:00 Роналдо започнува актерска кариера
Легендарниот бразилски фудбалер, кој беше три пати прогласен за најдобриот играч на светот, Роналдо, одкако ја заврши фудбалската кариера, започнува глумечка кариера во филмот „Open Road“.
Во оваа холивудско издание, тој ќе глуми со познатите Енди Гарсија и Џулиет Луис, а Роналдо ќе биде негативец.
Директорот на филмот, Марсио Гарсија на својот Твитер профил ја потврди оваа вест.
Тоа е тоа драги мои, Феноменот(Роналдо) ќе дебитира во Холивуд. Продукцијата на филмот, чие снимање започнува во Лос Анѓелес во јуни, ја предзема Ури Сингер - напишал Гарсија.
