07. Jun 2011 15:54 Шакира наводно трудна

 Колумбиската пејачка Шакира и фудбалерот на Барселона Пике, наводно чекаат бебе.

Thumbnail

Веста почнала да кружи откако еден португалскиот лист објавил дека пејачката го откажала последниот концерт на 1 јуни, затоа што е бремене, а не поради технички проблеми.

Сепак некои од весниците ја ублажуваат веста и велат дека таа не настапила поради здравствени проблеми.

Популарната двојка не ги коментира озборувањата, иако досега сите убави моменти во нивниот живот ги делат со обожавателите преку социјалните мрежи.

 Се очекува и оваа вест да ја поделат со многубројните фанови.