17. May 2011 18:07 „Stairway to Heaven“ е најдобра балада на сите времиња

Читателите на музичкиот магазин, Ролинг Стоун одлучија дека најдобрата балада на сите времиња е нумерата од Лед Зепелин, „Stairway to Heaven“.

Thumbnail

Баладата на Лед Зепелин, за прв пат се појави 1971.година и до ден денес се пушта по радиостаниците, па читателите на популарното списание и одадоа почит.

На второ место се најдоа Битлси со „Something“, додека на трето место се Стоунси со „Wild Horses“. Четвртото место го потполни „November Rain“, а петти се повторно Битлси со „Let it Be“