11. Jul 2011 14:12 Викторија и Дејвид добија девојче

Еден од најпопуларните парови на платетата денеска станаа родители по четврти пат. Веќе се знаее дека новиот член на семејството е девојче, кое ќе се вика Харпер Севен.

Thumbnail

Гордиот татко Дејвид Бекам веста ја објави на „фејсбук“.

Многу сум горд и возбуден што можам да обијавам дека се роди нашата ќерка Харпер Севен Бекам. Таа е тешка 3кг и 400 грама, а пристигна на светот во 7.55 во Лос Анѓелес. Викторија се чувствува добро, а синовите се среќни што добија сестра - напиша Дејвид.